Арсенал се засилува, но двајца првотимци мора да си заминат

Трансферот на Каи Хаверц од Челзи е завршена работа, а Деклајн Рајс речиси сигурно ќе се пресели во Арсенал. Сето ова на големо задоволство кај навивачите и тренерот Артета, но сега мора да се направи место во екипата за новите фудбалери.

Шпанецот на клупата на Арсенал се откажа од услугите на Томас Парти и Гранит Џака. За Парти има инстерес од Јувентус, но и од клубови од Саудиска Арабија, додека репрезентативецот на Швајцарија најверојатно ќе се пресели во Баер Леверкузен.

- Оглас -

Најнови вести