31.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Арсенал сезонава два пати го победи Сити, но Граѓаните подготвуваат реванш

Манчестер сити е домаќин на Арсенал во натпревар кој може многу да реши во трката за титулата во Премиер лигата. Граѓаните се во одлична форма и во последите 22 меча во сите натпреварувања имаат 19 победи и три нерешени. Сепак и Арсенал е во одлична форма и има девет победи во последните 10 средби што ги одигра. На табелата, Арсенал е лидер со 64 бодови, а Сити е трет, но има само еден бод помалку.

Традицијата вели дека Сити имаше осум победи по ред против Топчиите, но лондонскиот тим сезонава два пати се радуваше во дуелите со овој ривал. Прво Арсенал го доби Супер купот на пенали, откако мечот заврши 1:1, а потоа во првенството, Топчиите пред своите навивачи победија минимално со 1:0.

На последните неколку меѓусебни дуели во просек има по пет жолти картони, што е најава за жестока игра на теренот од двете страни.

Главен фаворит за стрелец на првиот гол е Ерлинг Халанд, а потоа следуваат Фил Фоден, Габриел Жезус, Алварез, Букајо Сака… Интересни се и комбинациите да се погоди победникот и стрелец на гол

Тука се и игрите за тоа кој ќе заработи прв или последен жолт или црвен картон, кој би добил прв пенал, кој ќе изведе прв или последен корнер.

- Оглас -

Најнови вести