Вчера во англиската Премиер лига беа покажани дури пет црвени картони, најмногу исклучувања во еден ден од 29-ти август 2015 година наваму, а од црвените картони особено страда Арсенал кој е кандидат за титулата.
Топчиите на менаџерот Микел Артета, мора да го намалат бројот на исклучувања ако сакаат да бидат во трка за титулата во Англија.
Арсенал сезонава одигра осум меча, извојува пет победи, а на три меча ремизираше или губеше, а на сите овие три меча со Манчестер сити, Брајтон и Борнмут, на фудбалери на Аресенал им беше покажуван црвен картон. Со други зборови, кога Арсенал е со човек помалку на терен, никогаш не победил.
Лестер во 2016 година е последниот тим кој освоил Премиер лига со три црвени картони во сезоната. Но, од оваа сезона се поминати само осум кола. Позитивно за нив е што во времето на Арсен Венгер, во 2001/2002, Арсенал стана првак и покрај шесте црвени картони во таа сезона.