Арсенал шест години не победил на „Гудисон“, сега е шансата да го разбие малерот

1008 Евертон – Арсенал (17.30 часот)

После четири кола во Премиер лигата, Евертон има само 1 бод, а Арсенал е во горниот дел на табелата со освоени 10 од можни 12, па тука јасно е кој е фаворит. Арсенал во просек дава по два, а Карамелите примаат по два гола на меч. Сите елементи се на страна на гостите, освен традицијата. Топчиите од Лондон губеа на последните три гостувања на „Гудисон парк“, последната победа на овој стадион ја имаа во октомври 2017 година.

Предлог тип: 2 & Т2 2+ (1.72)

 

3007 Фиорентина – Аталанта (18.00 часот)

Ова е дуел на два тима кои во првите три кола во Серија А дадоа по 6 гола, но Фиорентина прими 7, а Аталанта само два, па затоа тимот од Бергамо има два бода повеќе. Аталанта уште нема играно нерешено сезонава, а Виолетовите имаа и победа и пораз и реми. Последните три меѓусебни дуели на овие екипи завршува со 0-2 гола, тешко дека и денеска е можна некаква голеада. Кај Фиорентина ќе ги нема Јери Мина и Максим Лопес.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (2.24)

 

1958 Трабзонспор – Бешикташ (19.00 часот)

Ова е турско дерби во кое ќе има голема борба. Бешикташ од три кола собра седум бода и на сите три меча играше со 0-2 гола. Трабзонспор одигра четири меча и има по две победи и порази. Енис Барди треба да биде еден од адутите на Трабзон, но истанбулските Орли немаат загубено меч уште од февруари. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели им завршуваа нерешено. Бешикташ во 2020 година за последен пат победи против Трабзонспор.

Предлог тип: Х2 & ГГ (2.16)

 

1980 АЕК – Олимпијакос (20.30 часот)

Олимпијакос имаше одличен старт на сезоната во грчката лига, од три кола има 9 бода и гол-разлика 10-0, но сите три меча ги играше дома, ова им е прво гостување. АЕК е актуелен првак на нашиот јужен сосед, но во двата меча сезонава не беше баш убедлив и покрај четирите бода прими три голови од ривали аутсајдери. Победа над пирејците би ги покриле слабостите кои се појавија. АЕК цели шест години не знае за победа дома над Олимпијакос во лигашки меч.

Предлог тип: 1X & 0-3 (1.73)

 

1309 Реал Мадрид – Р. Сосиедад (21.00 часот)

Мадриѓаните се перфектни засега, ги добија сите четири лигашки дуели, а Реал Сосиедад има три нерешени и една победа, па и тие немаат пораз. Сосиедад примаше гол во три од четирите меча, а Реал Мадрид двапати и даваше и примаше гол. Кај домашните ќе го нема Винисиус кој не играше ни против Хетафе пред репрезентативната пауза. Во минатата сезона, најтрофејниот шпански клуб не успеа да му даде гол на тимот од Сан Себастијан.

Предлог тип: Х пол. (2.24)

- Оглас -

Најнови вести