Арсенал шест меча по ред нема пораз од Сити, сега е борба за трофеј, шоу ќе има и во Мадрид

Арсенал против Манчестер сити на легендарниот стадион „Вембли“ ќе играат во финалето на Лига купот на Англија. Според традицијата од последните мечеви и моменталната форма, Арсенал треба да биде голем фаворит за победа, но сепак, кога се работи за меч на кој се освојува пехар, тимот на Сити секогаш е во игра за победа.

Топчиите немаат пораз на последните шест меча против Сити, а актуелната форма вели дека Арсенал има четири победи и едно реми во последните пет меча, додека Граѓаните имаат само една победа, две реми и два порази во последните пет меча.

Двете екипи негуваат напаѓачки фудбал и јасно е дека треба да се очекуваат погодоци и тоа на двете страни. Освен понудата за стрелци на гол, тука се и стандардните статистички игри за бројот на упатени шутеви во рамките на голот, изведени корнери, доделени жолти картони, направени фаули, „уловени“ офсајд позиции.

Во Мадрид, на „Сантијаго Бернабеу“ ќе се игра мадридското дерби, а Реал е фаворит против Атлетико. Тука може да се очекува гол-шоу затоа што на последните 13 градски пресметки, секогаш двете екипи постигнувале барем по еден погодок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести