Арсенал си го чува тимот што го донесе до врвот, Габриел го продолжи престојот кај Топчиите

Бразилецот Габриел Магалјаеш го продолжи договорот со Арсенал на радост на навивачите на Топчиите.

Централниот дефанзивец на лидерот во Премиер лигата дојде во Арсенал во септември 2020 година од Лил и стана незаменлив дел од одбраната на Топчиите, која сезонава е меѓу најдобрите во Англија со 10 примени гола на 10 меча, само зад Њукасл, кој прими 9 погодоци на 11 меча.

„Пресреќен сум што потпишав нов договор со Арсенал. Денеска е најубавиот ден во мојот живот и се радувам што останувам дел од еден од најголемите клубови на светот“, рече 24-годишниот Бразилец.

https://twitter.com/Arsenal/status/1583490150234996736?s=20&t=KJVD_2fw37WablaF2HeIyA

Популарниот Габи игра извонредно и е кандидат за да настапи на Мундијалот во Катар за најтрофејната нација на сите времиња.

 

- Оглас -

Најнови вести