15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Арсенал си се навикна да пазари кај шампионот, по Жезус топчија ќе стане и Зинченко

Арсенал се навикна да пазари фудбалери кај шампионот Манчестер сити и по Габриел Жезус кој веќе е член на Топчиите за сума од 50 милиони евра, договори и трансфер на Александар Зинченко, вреден околу 35 милиони евра.

Останува уште Арсенал и репрезентативецот на Украина да ги договорат личните услови, па ќе следат медицински прегледи и потпис на договорот.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1548201264261079040?s=20&t=sCU2tOEwvZ-NedYqui9G5g

Зинченко има 25 години и ретко добиваше шанса да игра за Манчестер сити, клуб во кој е од 2016 година.

Двапати беше и на позајмица во ПСВ Ајндховен и во младиот тим на гигантот од Ајндховен, а сега ако се биде во ред ќе игра за Арсенал.

 

 

- Оглас -

Најнови вести