32.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Арсенал сигурно чекори кон нова победа, Јунајтед со играч помалку ќе брка триумф

Фудбалерите на Арсенал се на добар пат да запишат нова победа во Премиер лигата и да ја вратат предноста од пет бода на лидерската позиција на табелата откако во лондонската пресметка имаат предност од два гола по првото полувреме.

Топчиите водат со 3:0 во дуелот со Фулам, а предноста можеше да биде поголема, но еден гол беше поништен поради офсајд.

Резултатот го отвори Габриел кој најдобро се снајде по корнерот на Тросар во 21-та минута. Пет минути подоцна, погоди и Мартинели и повторно по додавање на Тросар.

Третиот гол го постигна Одегард и тоа повторно по додавање на Тросар.

Манчестер јунајтед и Саутемптон играат без голови на „Олд трафорд“ по првото полувреме, но Црвените ѓаволи во вториот дел ќе бидат со играч помалку. Во 32-та минута, директен црвен картон заработи Каземиро поради остар старт.

Вест Хем и Астон Вила постигнаа по еден во првите 45 минути, гостите поведоа со голот на Оли Воткинс, а Чеканите израмнија преку Бенрама од пенал.

- Оглас -

Најнови вести