17.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Арсенал следната сезона ќе го замени амблемот со традиционалниот симбол на клубот (Фото)

Британскиот „Атлетик“ најавува големи промени во екипата на Арсенал за следната сезона, но тоа се однесува на дресовите кои ќе ги носат фудбалерите на клубот од Лондон.

Планот на раководството е да го отстрани амблемот на клубот и на негово место да стои само традиционалниот симбол на клубот, топот. Сличен симбол на дресовите имаа и на дуелот против Барен Минхен во Лигата на шампионите, но од следната сезона тоа и ќе се официјализира.

Останува нејасно што ќе се случи со логото кое традиционално стои на дресовите на Арсенал, а на кое освен топот, го пишува и името на клубот. Арсенал последен пат со таков симбол на дресовите настапуваше во сезоната 1977/78.

- Оглас -

Најнови вести