Раководството на Арсенал има план да направи одличен состав за следната сезона, а како дел од мозаикот е и ангажманот на Виктор Ѓекереш од Спортинг Лисабон. „Топчиите“ веќе ја испратија и официјалната понуда за купување на одличниот шведски напаѓач, која изнесува 75 милиони евра, колку што е и неговата вредност во моментов.
Сега останува на раководството на Спортинг Лисабон да одлучи дали ќе ја прифати понудата за фудбалерот кој има договор со нив до 2028 година, а за кого откупната цена ја поставија на 100 милиони евра.
Понуда со сума од 75 милиони евра планира да испрати и Челзи.