Арсенал со 85 милиони евра тргнува по ѕвездата на Реал Мадрид

Арсенал, Челзи и Манчестер јунајтед имаат интерес за купување на офанзивецот на Реал Мадрид, Родриго, но според информациите од шпанските медиуми, Кралевите за него очекуваат 110 милиони евра, што е превисока сума за која било екипа.

Сепак, раководството на Реал Мадрид веќе потроши 120 милиони евра за нови фудбалери, па ќе мора некого и да продаде, а Арсенал сака да ја искористи оваа ситуација и да го добие Родриго за сума која би се движела помеѓу 80 и 85 милиони евра.

Познавачите на состојбите во Кралскиот клуб тврдат дека доколку пристигне таква понуда на адресата од Реал Мадрид, таа ќе биде прифатена.

Бразилецот во Реал Мадрид пристигна пред шест години од Сантос за сума од 48 милиони евра, па Кралевите ќе заработат речиси двојно доколку го продадат во Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести