20.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Арсенал со „петарда“ го испрати Лидс, Наполи стартуваше со победа

Арсенал продолжува со одличните игри откако убедливо со 5:0 го победи Лидс во второто коло од Премиер лигата. Тимбер и Сака постигнаа по еден гол во првото полувреме за сигурна предност на Топчиите, а потоа во второто полувреме блесна Виктор Ѓокереш.

Најголемото засилување на Арсенал постигна гол во 48 минута за 3:0, а до крајот на средбата погоди и од пенал за конечни 5:0.

Во италијанската Серија А, шампионот Наполи so 2:0 победи на гости кај Сасуоло. МекТоминеј погоди за 1:0 во 17 минута, а Кевин де Бројне зголеми на 2:0 во 57 минута.

- Оглас -

Најнови вести