Арсенал со подвиг за кој другите лондонски екипи може да сонуваат

Арсенал има одлична сезона во Премиер лигата, но, за жал, поради неколку неочекувани резултати во последните неколку кола, падна во втор план во трката за титулата. Топчиите и сега се лидери на табелата, со два бода повеќе од Манчестер сити, но Граѓаните имаат два меча помалку, што значи дека многу веројатно е тимот на Пеп Гвардиола да ја преземе челната позиција.

Синоќешната победа на Арсенал против Челзи беше јубилејна затоа што Топчиите се првиот клуб кој може да се пофали дека има 150 победи во Премиер лигата во дуелите со градските ривали. За Арсенал ова е и прва сезона, по таа во 2004/05, кога ќе завршат без да имаат ниту еден пораз во дуелите со лондонските ривали.

- Оглас -

Најнови вести