Арсенал со прекрасен гест за момчето-трагичар од финалето на ЕП (видео)

Арсенал приреди прекрасен пречек за Букајо Сака, 19-годишниот талент кој беше трагичар за Англија во финалето на Европското првенство со промашениот пенал по кој Италија ја освои титулата.

Денес тој се врати во клубот откако му заврши одморот, а во тренинг-центарот го чекаше огласна табла на која беа закачени стотици пораки од фанови на Топчиите, преку кои му беше изразена љубов и поддршка.

Сака беше цел на бројни навреди на расистичка основа по промашениот пенал, па на овој начин Арсенал покажува дека има и добри луѓе кои знаат дека има поважни работи во животот.

- Оглас -

Најнови вести