11.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Арсенал со рекордна понуда сака да го задржи Сака најмалку до 2030 година

Бакајо Сака потекнува од академијата на Арсенал, но со своите игри стана вистинска ѕвезда на Топчиите, но и фудбалер кој го привлече вниманието на останатите европски екипи.

Дваесет и четиригодишниот фудбалер пред две години го продолжи договорот до 2027 година, но сега раководството на Арсенал сака ново продолжување, а за тоа се подготвени да му понудат и рекорден договор.

Водечките луѓе на Топчиите му нудат продолжување на договорот до 2030 година и плата од 12 милиони фунти годишно, а фудбалерот со своите изјави неодамна само најави дека е расположен да остане во матичниот клуб.

Сака оваа сезона постигна четири гола на 12 меча за Арсенал, а со своите 24 години веќе има 275 настапи за Топчиите со ефект од 74 гола и 72 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести