Дуелот на двете најдобри екипи оваа сезона во Премиер лигата, Ливерпул и Арсенал, на „Енфилд роуд“, заврши без победник, 2-2. „Топчиите“ направија голем гест и со „шпалир“ ги дочекаа фудбалерите на новиот шампион на Англија, Ливерпул.
„Црвените“ одлично го отворија мечот и после само 20-тина минути игра веќе имаа водство од 2-0. Гакпо погоди во 20-тата минута, а само 60-тина секунди подоцна прецизен беше и Диас.
Сепак, Арсенал во второто полувреме успеа да се спаси од пораз со головите на Мартинели во 47-мата и на Мерино во 70-тата минута. „Топчиите“ во 79-тата минута останаа и со играч помалку на теренот, откако поради втор жолт картон беше исклучен Микел Мерино.
На две кола пред крајот на Премир лигата, Ливерпул има 83 бода, 15 повеќе од Арсенал.