Арсенал за малку ќе направеше „од готово – вересија“ против Лестер, откако имаше водство од 2-0, но гостите се вратија и израмнија на 2-2. Во судиското продолжение Арсенал постигна два гола за победа од 4-2.
Сепак, од екипата на Лестер сметаат дека се оштетени и дека фудбалерот на Арсенал, Рикардо Калафиори требаше да заработи директен црвен картон во 71-вата минута за остриот старт над Бунаноте.
Главниот судија не се одлучи да покаже исклучување, а не се огласија ниту од ВАР собата.
https://twitter.com/TheEuropeanLad/status/1840051567329738798?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1840051567329738798%7Ctwgr%5E7e7851ff19e6d602e3d1a2b7e2b0733e50f25ce8%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Farsenal-calafiori-crveni-karton-start%2F482986