Арсенал стана петтиот тим кој во 2023 година даде 100 гола (Видео)

Арсенал води со 2:0 по првото полувреме против Вулверхамптон и се наоѓа пред нов триумф во Премиер лигата.

Топчиите тргнаа фуриозно и головите ги постигнаа во првите 13 минути од првиот дел. Резултатот го отвори Букајо Сака во шестата минута, а само седум минути подоцна Мартин Одегард ја зголеми предноста.

Интересно е што голот на Сака беше 100-ти за Арсенал во 2023 година во сите натпреварувања. Само четири од најсилните пет лиги имаат постигнато повеќе голови од Арсенал годинава, Манчестер сити (137), Реал Мадрид (119), Баерн Минхен (111) и Баер Леверкузен (110).

Идентично водство по првото полувреме има и Барнли во дуелот со Шефилд јунајтед. Џеј Родригез уште во првата минута му донесе водство на Барнли, додека вториот гол го постигна Јакоб Ларсен во 29-та минута.

- Оглас -

Најнови вести