23.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Арсенал стана само петиот клуб со ваков успех во Англија, ако се следи традицијата тие ќе бидат и прваци

Арсенал со победа од 4:2 на гостувањето кај Брајтон ја испрати 2022 година, потврдувајќи зошто Топчиите се лидери на табелата во Премиер лигата. По 16 одиграни меча, Арсенал има освоено дури 43 поени (14 победи, едно реми и еден пораз), што е знак дека овој тим е созреан за освојување на титулата.

Низ историјата на Премиер лигата, само четири екипи претходно успеале да освојат 43 поени во првите 16 бодови (да се доделуваат три бода за победа и еден за реми). Прво тоа го направил Тотенхем во далечната 1960-61, а потоа следуваат одличните сезони на Челзи (2005-06), Манчестер сити (2017-18) и Ливерпул (2019-20).

Во сите четири случаи досега, тимот кој имал освоено 43 поени во првите 16 кола, на крајот бил и првак на Англија. Останува до крајот на сезоната да видиме дали Арсенал ќе ја продолжи оваа традиција.

- Оглас -

Најнови вести