16.8 C
Skopje
петок, 21 ноември 2025

Арсенал треба да го ископира Баерн за да остане на патот до финалето во ЛШ во нивниот Лондон

Иако го загуби првиот меч на гости со 0-1, Арсенал е голем фаворит против Порто за пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите во фудбал.

Топчиите вечерва мора да слават против двократниот европски првак, и тоа со повеќе од еден гол-разлика. Арсенал е единствениот лондонски тим во ЛШ, а тоа треба да им биде екстра мотивација бидејќи годинава финалето се игра токму во нивниот град и престолнина на Велика Британија.

Квотите во Sport Life го фаворизираат Арсенал, кој треба да го ископира тоа што го направи Баерн Минхен пред една недела против Лацио. И Баварците имаа негатива од 0-1 по првиот меч, но на реваншот дома беа убедливи и се пласираа меѓу осумте најдобри.

Ако мислите дека Порто ќе оди понатаму, треба да уплатите во Sport Life, може добро да заработите со оглед на тоа дека квотата за таа игра е 3.50.

- Оглас -

Најнови вести