22.8 C
Skopje
четврток, 14 август 2025

Арсенал треба да победи на стадионот на кој загуби на последните три меча

1001 Нотингам форест – Арсенал (20.30 часот)

Арсенал во претходното коло со убедливиот триумф од 5:0 над Кристал палас ја прекина серијата од три меча без победа и се врати во трката за титулата во Премиер лигата. Нотингам форест по доаѓањето на Нуно Еспирото Санто игра многу подобро и избега од опасната зона, но во последното коло загуби од Брентфорд со 3:2.

Против Арсенал, Еспирито Санто, ќе има проблеми со составување на тимот бидејќи нема да може да смета дури на деветмина играчи. Арсенал загуби на последните три гостувања на „Сити граунд“ во Нотингам, и тоа со 1:0, 1:0 и 4:2.

Предлог тип: 2 & 1+I & 1+ II (1.96)

 

1921 Јанг бојс – Ивердон (20.20 часот)

Јанг бојс во последните неколку години е најдобар швајцарски тим и моментно е лидер на табелата со пет бода предност пред Сент Гален. Во последното коло Јанг бојс загуби во дербито против Базел (1:0) и ја прекина серијата од четири победи по ред, но вечерва е апсолутен фаворит за победа. Ивердон се наоѓа во долниот дел на табелата и последен пат во меѓусебните дуели славел пред 23 години.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.07)

 

1242 Абердин – Данди (20.45 часот)

Ова е заостанат натпревар од деветтото коло во шкотската Премиер лига во кој тимот на Бојан Миовски ќе ја има фаворитската улога. По двете победи на стартот од годината, Абердин во следните два меча има реми (Сент Џонсон 1:1) и пораз (Хартс 0:3). Данди пак пред три дена ја прекина серијата три меча без победа.

Годинава на натпреварите на Абердин нема многу голови, само против Рос каунти беа постигнати повеќе од два гола (3:0) и на тој меч во листата на стрелци се запиша Миовски. Победата е императив за Абердин и Миовски, кои со три бода би скокнале на делба на шестото место, кое води во битката за титулата, но и за излез во Европа.

Предлог тип: 1Х & 0-2 (2.25)

 

1005 Астон вила – Њукасл (21.15 часот)

Астон вила врза два меча без голови, против Евертон во Премиер лигата и против Челзи во ФА купот, а на последните три меча оствари само една победа. И покрај послабите резултати во последно време, Астон вила се наоѓа на делба на второто место заедно со Арсенал и Манчестер сити. Њукасл пак е во лоша серија од четири порази по ред и падна на десеттото место на табелата. Првиот дуел сезонава заврши со убедлив триумф на Њукасл од 5:1, но адутот на Астон вила е тоа што победила на домашен терен на последните четири меѓусебни дуели, и тоа со 3:0, 2:0, 2:0, 2:0.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (2.15)

 

1002 Фулам – Евертон (20.45 часот)

Фулам на последните пет натпревари има четири порази, додека Евертон во последното коло со ремито против Астон вила ја прекина серијата од три порази во низа и во меѓусебниот дуел ќе бараат излез од кризата. Фулам игра добро пред своите гледачи и на 10 меча има шест победи со гол-разлика 19:12, додека Евертон има пет победи на десетте гостувања досега во Премиер лигата. Пред еден месец овие два тима играа во Лига купот и славеше Фулам на пенали откако во регуларниот дел беше 1:1.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.24)

- Оглас -

Најнови вести