Арсенал тргна по потписот на Перишиќ

Арсенал испрати понуда до Интер за да го доведе Иван Перишиќ на „Емирати“. Хрватот би можел да оди на позајмица во Лондон до крајот на сезоната, а „топчиите“ на лето во целост да го откупат за сума од 35 милиони фунти.

Од таборот на Интер се подготвени да се ослободат Перишиќ, кој следната недела ќе наполни 30 години, со цел да направат место за Јаник Караско.

Крилниот фудбалер на „нероазурите“ долго време беше желба на Жозе Мурињо, португалскиот стратег го посакуваше на „Олд трафорд“, но Интер ги одби сите понуди пониски од 60 милиони евра, односно 50 милиони фунти. Сега се подготвени да прифатат и понуда дури за 15 милиони фунти пониска, а Арсенал експресно се јави.

- Оглас -

Најнови вести