Арсенал тргнува по напаѓачот на Реал Сосиедад, кој ќе дојде како замена за Обамејанг

Арсенал се подготвува да достави понуда до Реал Сосиедад за Александер Исак.

Младиот шведски напаѓач треба да го замени отпишаниот Пјер-Емерик Обамејанг, кој е на излезни врати од овој тим.

Арсенал за Исак планира да одвои 30 милиони евра, но јасно е дека тимот од Ла Лига нема да се задоволи со таа сума.

Во досегашниот тек од оваа сезона, Исак има постигнато седум погодоци, додека со своите добри настапи во шведската репрезентација практично ова селекција ја однесе во баражот за СП во Катар, кој ќе се игра во март оваа година.

- Оглас -

Најнови вести