12.3 C
Skopje
понеделник, 6 октомври 2025

Арсенал тргнува по потписот на Виктор Ѓокереш

Англискиот премиерлигаш Арсенал тргнува во финална офанзива за ангажман на нов напаѓач. Менаџерот Микел Артета избра тоа да биде Виктор Ѓокереш, голгетерот на португалскиот шампион Спортинг Лисабон, иако имаше најави дека можеби лондонскиот тим ќе тргне и по Виктор Осимен, нигерискиот интернационалец кој е на излезна врата од Наполи.

Сепак, Арсенал се реши за поевтината варијанта, со оглед дека Наполи не сака да отстапи од отштетната клаузула вредна 130 милиони евра за Осимен, а од друга страна, Ѓокереш веќе има одредено искуство на Островот, каде што во минатото настапуваше за Ковентри.

Ѓокереш постигна повеќе од 50 гола за Спортинг Лисабон во сите натпреварувања минатата сезона и го привлече кон себе вниманието на големите европски клубови. Тој е трансферна цел и на Пари Сен Жермен.

- Оглас -

Најнови вести