Арсенал тргнува по потписот на ѕвездата на Аталанта

Арсенал подготвува понуда од 55 милиони евра за напаѓачот на Аталанта, Матео Ретеги. Италијанскиот репрезентативец игра одлично оваа сезона, а Аталанта е една од најпријатните изненадувања во Серија А.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, мора да пронајде ново решение во нападот, со оглед дека Букајо Сака ќе отсуствува најмалку два месеци поради повреда. Иако Габриел Жезус покажува дека се враќа во форма, сепак, на Топчиите им е потребен најмалку уште еден квалитетен напаѓач за да можат да одговорат на сите фронтови и да се обидат да останат во трката за титулата во Премиер лигата.

Ретеги оваа сезона во 17 настапи во Серија А постигна 12 голови и забележа три асистенции.

- Оглас -

Најнови вести