Арсенал убедливо победи во најнеферскиот меч за оваа година

Требаше да се одложи, ама натпреварот меѓу Лидс и Арсенал сепак се одигра и на крај славеа гостите со убедливи 4:1.

Тимот од Лондон воопшто не е виновен, туку челниците од Премиер лигата кои што дозволија оваа средба да се игра.

Лидс на овој меч имаше на располагање само 11 играчи од првиот тим од кои двајца голмани.

Голем број од фудбалерите не настапија поради повреда, за волја на вистината, но, на само неколку часа пред почетокот, двајца играчи на Арсенал испаднаа позитивни на Ковид-19 вирусот.

Сепак, промена на одлуката за играње немаше, па затоа гостите си дојдоа до лесни три бода со двата гола на Мартинели (16′,28′), Сака (42′) и Емил Смит Роу во 84-та минута..

Единствениот гол за домаќините го постигна Рафиња од пенал во 82-та минута.

Сега Арсенал има 32 бода и е на четврттото место во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести