Во денот кој е наменет за одмор на Светското првенство во Катар, најфудбалскиот потег беше виден на Дубаи Купот меѓу Арсенал и Олимпик Лион. Топчиите победија убедливо со 3:0, а потоа англискиот тим победи и на пенали (правилата на овој турнир велат дека мора да има пенали без разлика на конечниот резултат).
Арсенал уште во првото полувреме ги даде сите три гола, а посебно убав беше тој на Фабио Виеира во 39 минута кој погоди за 3:0.