Завршувањето на мечот Вотфорд – Ливерпул, и завршувањето на серијата од 44 премиерлигашки меча без пораз, значеше почеток на зајадливи коментари по социјалните мрежи кон убедливо најдобриот англиски тим сезонава. Први се јавија од Арсенал кои преку Твитер му честитаа на Ливерпул за одличната серија победи и ремија во Премиерлигата.
Сепак, јасно е дека со ова само ги тешат Црвените кои сакаа да му се придружат на Арсенал кој останува единствен тим кој цела една сезона не загуби ниту еден меч во англиското првенство.
Congratulations on a formidable unbeaten run, @LFC 👏
— Arsenal (@Arsenal) February 29, 2020