Екипата на Арсенал влезе во историјата на Премиер лигата, но во онаа непосакуваната, негативната историја. Иако во поголемиот дел од сезоната беа лидери во Премиер лигата, “топџиите“ на крајот ќе мора да се задоволат само со втората позиција на табелата.
Арсенал беше лидер неверојатни 248 денови, што ги прави екипа која најдолчо била на челната позиција, а на крајот сепак не успеала да стане шампион на Англија.
Манчестер Сити денес и официјално ја освои титулата во Англија, бидејќи има предност од четири бодови пред Арсенал кој до крајот на првенство треба да игра уште со Вулверхемптон, додека “граѓаните“ имаат уште три натпревари за играње и тоа против Челзи, Брајтон и Брентфорд.
На крајот бодовната разлика може да биде и многу поголема, па сето ова да изгледа дека Манчестер Сити убедливо стигнал до титулата.