Арсенал со пресврт дојде до важен триумф (1-2) на гости против Њукасл откако победничкиот гол го постигна во 96-тата минута од дуелот. Габриел со удар со глава по корнерот од десната страна ја затресе мрежата на Ник Поуп и го одвете својот тим до втората позиција на табелата, со само два бода заостанување во однос на лидерот Ливерпул.
Њукасл поведе со голот на Ник Волтемаде во 34-та минута. Но, Арсенал не се помири со таков развој на настаните.
Микел Мерино успеа да израмни во 84-та минута, а Габриел ја донесе победата во фотофинишот.