Арсенал во аут, ги остава Манчестер и Јуве како главни фаворити за титулата во Лигата на Европа

Еден од главните кандидати за трофејот во Лигата на Европа, лондонскиот Арсенал, загуби на пенали од Спортинг Лисабон, па сега главни кандидати за трофејот во ова натпреварување се Манчестер јунајтед и Јувентус.

Трагичар на Арсенал е голманот Арон Рамсдејл, кој прими гол од 50-тина метри во регуларниот дел, а во пенал-серијата, не одбрани ниту еден од петте шута од белата точка.

Во пенал-рулетот, само еден играч не погоди од 11 метри, тоа беше Габриел Мартинели.

- Оглас -

Најнови вести