Арсенал во финишот го нокаутираше Манчестер сити (Видео)

Арсенал донесе голема радост на своите навивачи, откако на домашен терен со 1:0 го победи Манчестер сити во дербито на осмото коло во Премиер лигата. Топчиите до победата стигнаа со погодокот на Мартинели постигнат во 86 минута.

Арсенал имаше 12 порази по ред од Сити во првенството и за прв пат по 2015 година се радува на победа против Граѓаните.

За Сити ова е трет пораз во последните четири меча, нешто што речиси и да му се нема случено на овој клуб во последните неколку години.

Арсенал со 20 бода сега е рамо до рамо со водечкиот Тотенхем, додека Сити остана на 18 бодови и е на третото место.

- Оглас -

Најнови вести