Арсенал го совлада Евертон со 2-0 во натпревар од 30. коло на англиската Премиер лига, со два гола во финишот од дуелот. Најмногу помогна грешката на Џордан Пикфорд, голманот на гостите.
Лидерот на табелата не покажуваше многу во првото полувреме, а Евертон имаше голема шанса преку Мекнил во 18-тата минута, но среќата и стативата го спасија Арсенал. Сепак, во второто полувреме, играчите на менаџерот Микел Артета се активираа и конечно стигнаа до победничките голови.
Првиот погодок дојде во 89-та минута кога капитенот на Евертон, Џордан Пикфорд, полетa во празно, а центаршутот на младиот Макс Дауман се одби од Хинкапи до Виктор Ѓокереш, кој ја затресе мрежата за водство од 1-0.
Во последните моменти на мечот, Евертон тргна на „сè или ништо“ и доби ништо, во контранапад, Дауман сам се ослободи и го постави конечниот резултат 2-0 на празна мрежа.
Со оваа победа, Арсенал ја зголеми предноста на врвот на табелата на 10 бода пред второпласираниот Манчестер сити, со две натпревари повеќе.
Њукасл како гостин го совлада Челзи на „Стемфорд бриџ“ со 0-1. Единствениот гол го постигна Арон Гордон во 18-тата минута, откако Ливраменто даде прецизна длабинска топка, а Џо Вилок го проигра Гордон за лесен погодок.
Во судиското надополнување, Челзи имаше одличен слободен удар преку Џејмс, но топката ја погоди стативата.

