Арсенал во неволја, пропаѓаат плановите за посакуваните засилувања

Директните конкуренти за титулата во Премиер лигата, како Ливерпул и Манчестер сити, интензивно се засилуваат, а Арсенал се соочува со две големи пречки во обидите за доведување на клучни засилувања.

Менаџерот Микел Артета има јасна визија, да го донесе Марк Гуехи како квалитетна опција во центарот на одбраната. Сепак, фудбалерот на Кристал Палас наводно е поблиску до трансфер во Ливерпул, кој го гледа како замена за Џарел Кванса, што ќе замине во Баер Леверкузен.

Гуехи сака редовна минутажа, а Артета наводно му гарантирал важна улога во тимот. Но, со конкуренцијата од Вилијам Салиба и Габриел Магаљаеш, тешко е да се поверува дека веднаш би бил стартер.

Покрај тоа, Арсенал е во потрага по напаѓач и како прва опција го гледа Словенецот Бењамин Шешко. 22-годишниот голгетер е прв избор на Артета, кој е подготвен да потроши значителна сума за неговиот потпис.


Сепак, барањата за плата од страна на менаџментот на Шешко се значително повисоки од она што Арсенал е подготвен да го понуди, што може да доведе до крах на преговорите.

Ако не успеат со Шешко, Топчиите ќе се обидат да го донесат Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон. Но, Швеѓанецот е свесен дека е само „план Б“, нешто што не му се допаѓа и би можело да влијае на неговата одлука.

Позитивна вест за навивачите на Арсенал е што клубот е блиску до официјализација на првото големо засилување, Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, кој треба да го зајакне средниот ред.

- Оглас -

Најнови вести