Арсенал е поблиску до финалето во Лигата на шампионите отколку Пари Сен Жермен, барем според традицијата на меѓусебните дуели на овие два тима. ПСЖ никогаш не победил против Арсенал.
Ова се два клуба кои во минатото имаат играно финале, но никогаш не биле европски шампиони, па се борат и против историјата и малерите. Само за еден од нив ќе има место во финалето, а вечерва во Лондон ќе ја водат првата од двете полуфинални битки.
Арсенал и ПСЖ играа меѓу себе и во октомври во лигашката фаза на ЛШ. Топчиите победија со 2-0 со голови на Хаверц (Германецот е повреден и нема да игра вечерва) и Сака во првото полувреме. Сега на Арсенал му фалат некои играчи, а ПСЖ е посилен за Хвича Кварацхелија, па тој меч пред околу половина година не значи дека исходот пак треба да биде истиот.