Арсенал одигра феноменална прва полусезона во Премиер лигата, во првите 19 кола тимот на Микел Артета имаше само еден пораз и загуби само седум бода од максималниот можен број, но набрзина ја прокоцкаа убавата предност и се покажува дека беа во право оние кои тврдеа дека Топчиите не се зрели за да ја освојат титулата.
Не дека Арсенал не може да биде шампион, има меч помалку на кој ако освои бод или три, пак би бил пред Сити, но вечерва против актуелниот првак Манчестер сити се виде дека Топчиите имаат и тоа како слаби точки. Покрај тоа, Арсенал уште еднаш сезонава треба да игра со екипата на Пеп Гвардиола, што според традицијата (Сити има 11 победи по ред против Арсенал), значи нов пораз од директниот конкурент.
Што се случи со немоќниот Арсенал кој газеше 19 кола и беше убедливо прв, а сега во последните три кола освои само еден бод, губејќи од Евертон и Сити, а ремизирајќи со Брентфорд? Можеби отсуството на лидер во нападот како Габриел Жезус е хендикеп за нив или пак немаат сили и психичка стабилност да издржат цела сезона во ист победнички ритам.
Арсенал ниту е толку добар да има 50 бода на полусезона, ниту толку лош да освои само бод во три кола. Вистината е некаде на средина.