Арсенал на блескав начин ја почна Новата година, а победата од 2:0 против Манчестер јунајтед барем малку ги стопли срцата на навивачите на Топчиите, како најава за многу подобри настапи од тие во 2019 година.
Со головите на Пепе и на Папастадопулос во првото полувреме, Арсенал го надигра и го победи најтрофејниот клуб во Англија и потврди дека тимот вреди многу повеќе од моментното десетто место.
Николас Пепе погоди во осмата минута за предност на домашниот тим.
https://twitter.com/LiverpoolOnTop/status/1212484552842764288?s=20
Арсенал беше и подобар и поконкретен во првото полувреме, а стоперот Сократис Папастадопулос ја круниса иницијативата со нов гол во финишот на првиот дел.
https://twitter.com/Chemicalboyy/status/1212476223072456705?s=20
Во продолжението, гостите одиграа малку подобро од скромната претстава што ја прикажаа во стартните 45 минути, но не успеаја да постигнат барем почесен гол во дербито на 21-вото коло во Премиер лигата.
Со овој триумф Топчиите не дозволија да им се повтори црниот рекорд од 1959 година со пет порази по ред на домашен терен.
Арсенал со 27 бода стигна до 10-тата позиција, а Манчестер јунајтед остана на петтото место со 31 бод.