26.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Арсенал за историја, поставен нов светски рекорд за трансфер на фудбалерка

Канаѓанката Оливија Смит стана најскапа фудбалерка во историјата откако потпиша договор со Арсенал, и тоа за трансфер вреден еден милион фунти, односно околу 1,1 милиони евра. Смит, која има 20 години, а досега настапуваше за Ливерпул, во Арсенал ќе игра во следните четири сезони.

„Привилегија и чест е да се биде дел од тимот на Арсенал. Мојот сон е да се борам за титулата во Премиер лигата и во Лигата на шампионите. Возбудена сум бидејќи ќе го носам дресот на Арсенал“, рече Смит, која игра на позицијата напаѓач.

Смит во 2023 година стана професионална фудбалерка откако претходно играше во американскиот колеџ, а во Ливерпул дојде за трансфер од 200.00 фунти од тимот на Спортинг. Минатата сезона даде девет гола во 25 натпревари.

Претходниот најскап трансфер во женскиот фудбал изнесуваше 900.000 фунти кога во јануари екипата на Челзи му плати на Сан Диего за доведување на Наоми Гирму.

Фудбалерките на Арсенал беа речиси перфектни во минатата сезона. Ја освоија 15-тата титула во Премиер лигата, а потоа стигнаа и до вториот трофеј во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести