Арсенал за „нанометри“ остана без израмнување откако ВАР досуди офсајд (ФОТО)

Арсенал губи по првото полувреме од Брајтон со 0:1 ѝ не игра според планот пред своите навивачи. Стрелец на единствениот регуларен гол беше Леандро Трусард во 28-та минута.

Велиме регуларен бидејќи и Арсенал даде гол во судиското надокнадување и тоа преку Габриел Мартинели, но тој беше поништен поради офсајд.

А тоа е можеби и најмалиот офсајд кој што досега сме го виделе, бидејќи во прашање беа милиметри, што секако за човечкото око тоа е невидливо без помош од технологијата.

За колку блиску станува збор, погледнете од фотографиите.

 

- Оглас -

Најнови вести