Арсенал за првпат во 138-годишната историја дома ќе игра во дрес на којшто нема црвена боја

Лондонскиот Арсенал и годинава се приклучи кон кампањата против насилството врз младите „Не повеќе црвено“, а на мечот со Ливерпул од ФА купот кој се игра викендов, Топчиите за првпат во својата 138-годишна историја на домашен терен ќе играат без воопшто црвено на нивната опрема, туку во чисто бели дресови, гаќички и чорапи.

Арсенал досега двапати има играно во бело, без воопшто црвено, но на гости, па затоа дуелот со Ливерпул ќе биде запишан во нивната клупска историја.

Во минатата година, само во Лондон 21 тинејџер бил убиен со убоди од нож, што е рекорд во последните 13 години и загрижувачки податок за пораст на насилството и користењето ладно оружје. Црвената боја на дресот на Арсенал означува крв, па во договор со „Адидас“ одлучено е на ваков начин, без црвено да се појават на терен на средбата со гостите на чија опрема доминира црвената боја.

- Оглас -

Најнови вести