Арсенал за тренер го краде помошникот на Пеп Гвардиола од Сити

Арсенал бара излез од кризата, а спасот Топчиите го гледаат во нов тренер кој ќе го стабилизира тимот. Фреди Љунгберг, кој е поставен како привремено решение по заминувањето на Унаи Емери, вели дека сака конечно да се реши и неговиот статус и дека би било добро да се најде замена за него.

Директорот на Арсенал, Винај Венкатешман бил забележан синоќа како заминува од куќата на Микел Артета, и тоа во 1 часот по полноќ. Артета е некогашен играч на Арсенал, а сега помошник тренер на Пеп Гвардиола во Манчестер сити. Гвардиола не сакаше многу да зборува околу опцијата да остане без првиот помошник и рече дека тоа е лична работа на Артета и самиот треба да реши дали ќе се реши да биде тренер на Арсенал или ќе остане во Сити.

Артета играше во Арсенал од 2011 до 2016 година, кога и реши да ја заврши кариерата. Веднаш потоа замина во Сити да биде помошник на Гвардиола, а сега постои голема веројатност повторно да биде дел од Топчиите, и тоа како прв тренер на тимот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести