Поразот на Арсенал дома од Вест Хем со 0-1, најверојатно значи и збогување на Топчиите со шампионските амбиции во Премиер лигата.
На 12 кола до крајот, Арсенал има осум бодови помалку од лидерот Ливерпул, а со вакви киксеви како денешниот, лондонскиот тим нема што да бара во трката со Црвените.
Џеред Боуен со својот 50-ти гол во Премиер лигата беше стрелец на голот за победа на Чеканите, а трагичар кај Арсенал беше 18-годишниот резервист Луис Скели кој доби црвен картон 17 минути по влегувањето во игра и дополнително му ја отежни работата на својот тим кој долго се обидуваше да изедначи.
⚽️ GOAL: Bowen
🏴 Arsenal 0-1 West Hampic.twitter.com/tdBDN14pJ4— Goals Xtra (@GoalsXtra) February 22, 2025