Францускиот Монако се пофали дека во своите редови го доведе Фоларин Балогун од Арсенал. Трансферот е 40 милиони евра, плус бонусите. Младиот 22-годишен американски фудбалер потпиша договор на пет години со Монако.
Балогун уште како осумгодишно дете дојде во школата на Арсенал и откако ги помина сите младински категории, се избори за место меѓу сениорите. Во јануари минатата година беше испратен на позајмица во Мидлсборо, а потоа играше како позајмен и во францускиот Ремс. Блесна за Ремс и во 39 меча постигна 22 гола, што беше и знак за Монако да реагира и да го доведе во своите редови.
Овој напаѓач за Арсенал одигра само 10 натпревари во сениорскиот тим, а сега си заминува за сума од 40 милиони евра.
🇺🇸🤝🇲🇨#WelcomeBalogun pic.twitter.com/IlPxv6VAMc
— AS Monaco 🇲🇨 (@AS_Monaco) August 30, 2023

