Арсенал знае како со тимот кој нема пораз уште од февруари

6009 Реал Мадрид – Унион Берлин (18.45 часот)

Ова е прв меѓусебен дуел на овие два клуба, што е и разбирливо бидејќи германскиот тим првпат е член на елитното европско друштво. Мотивација ќе има, но искуството, па и квалитетот се на страната на Реал, кој во минатата сезона дојде до полуфиналето на ЛШ. Кај Кралскиот клуб листата на повредени е подолга отколку кај Берлинци, па некои од резервистите ќе добијат шанса да бидат стартери. Унион Берлин губеше во претходните две кола во Бундеслигата, изненадување би било ако освојат бод или три во Мадрид.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.02)

 

6012 Брага – Наполи (21.00 часот)

Брага и Наполи викендов не победија, а одиграа мечеви со по четири гола во домашното првенство и мора да ја поправат одбраната ако сакаат успех и во Европа. Португалците и италијанскиот првак можеби би биле задоволни и со бод од овој меч. Наполи е посилен тим и фаворит според квотите, но и домаќинот има свои адути.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.02)

 

6013 Арсенал – ПСВ (21.00 часот)

Холандскиот тим својот последен пораз на официјален меч го претрпе уште во февруари, кога гостуваше кај Севилја во Лигата на Европа. Арсенал е еден од најсилните тимови во најсилната лига на светот, па затоа Топчиите се и фаворити на хартија. Лани овие тимови беа во иста група во Лигата на Европа, Арсенал победуваше со 2-0 и 1-0. Последните седум меѓусебни дуели во Европа им завршуваа со 0-2 гола, ПСВ никогаш не победил во Лондон.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.22)

 

6014 Баерн – Манчестер ј. (21.00 часот)

Ова е класика на европскиот фудбал, иако веќе девет години немаат играно еден против друг во ЛШ. Според формата во домашните лиги, во предност е Баерн. Јунајтед има три порази во последните четири кола. Двата тима имаат серија од три меча со по 3+ голови, а и даваа и примаа гол. Баварците се фаворити според квотите, но Ѓаволите се непредвидливи, тие знаеле да им приредуваат и позитивни и негативни шокови за своите фанови.

Предлог тип: 13 I & 1-3 II (1.73)

 

6016 Реал Сосиедад – Интер (21.00 часот)

Интер неочекувано беше финалист во ЛШ во минатата сезона, па сега со тој товар влегува во новата сезона. Нераѕурите се во налет, гази во Серија А, викендов го разбија Милан со 5-1, а Сосиедад иако загуби на крај, одигра одлично прво полувреме против Реал Мадрид. Интер нема да смета на Чалханоглу. Интер само еднаш има гостувано во Сан Себастијан, и тоа пред 44 години и загуби со 0-2.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.75)

- Оглас -

Најнови вести