6.8 C
Skopje
недела, 22 февруари 2026

Арсими го победи „отпишаниот“ Шкупи и сега е во „помирните води“

Екипата на Арсими очекувано и без многу проблеми ги освои трите бода на гостувањето на својот стадиум во Гостивар против Шкупи, победувајќи со 3:0. Ова беше дуел од 19 коло на Прва фудбалска лига, а Арсими со трите бодови сега стигна до 25 бодови и е на шестото место на табелата. Шкупи останува закован на дното со само еден бод.

Арсими фаворитската улога ја потврди уште во првото полувреме кога гостите имаа водство од 2:0. Во петтата минута повратникот во мак-фудбалот, Рамзифеик Селмани донесе предност за Арсими.

Се играше 32 минута кога голманот ка Шкупи, направи голем кикс, а тоа го искористи Арџент Гафури кој зголеми на 2:0. Во второто полувреме, Арсими гледаше само рутински да ги одработи тие 45 минути, ја задржа предноста и ги освои планираните три бода, но успеа да постигне и еден погодок, кој беше дело на Ремзифаик Селмани во 54-тата минута, за конечни 3:0.

- Оглас -

Најнови вести