Комплетирана е листата на клубови кои ќе играат во осминафиналето од Купот на Македонија.
Денеска Тиквеш во Автокоманда го совлада Скопје минимално со 1-0, Шкупи славеше на гостувањето кај второлигашот Кожуф со 2-0, додека Шкендија без проблеми со 9-0 триумфира против Јени Мале од Битола.
Во осминафиналето ќе има десет прволигаши и шест екипи од Втора МФЛ. Првата пречка од најдобрата конкуренција не ја минаа само Арсими (испадна од Беласица) и Брера Струмица (беа елиминирани од Охрид).
Втората лига ќе ја претставуваат Брегалница, ГФК Охрид, Детонит Плачковица, Шкендија Арачиново, Беласица и Новаци.