25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Арсими не се плаши од Шкендија, одлична квотата дека двата тима ќе постигнат гол

Шкендија и Арсими на градскиот стадион во Тетово од 17 часот го играат единствениот денешен меч од Првата македонска фудбалска лига, а ако повторно двата тима дадат гол како и во првите две кола, може и да заработите со уплата на оваа игра во Sport Life бидејќи квотата е над 2.00.

Шкендија во првите две кола ги победи Шкупи со 5-1 и Македонија Ѓорче Петров со 3-1, а ако победи и денеска, ќе им се придружи на Силекс и Струга Трим Лум на врвот на табелата како три екипи со максимални 9 бода од три кола.

Арсими од Чегране кој е дебитант во ПМФЛ, во првите две кола не успеа да победи, имаше реми 1-1 со Башкими и пораз 1-2 од Струга. Сега гостуваат кај соседот Шкендија (од Чегране до Тетово има 20-тина километри) со надеж дека може да останат непоразени.

Шкендија пред три дена во Скопје го победи Лудогорец, и ќе мисли и на реваншот во Бугарија в четврток, но добредојдена ќе им биде победата за задржување на самодоверата и победничкиот ритам. Шкендија нема да биде комплетна, но има доволно широк состав кој треба да биде доволен за нов триумф.

„Добро сме подготвени, трениравме интензивно, а не ни недостига ниту посветеност да дадеме максимум во секој момент. Нашата цел е да играме храбро и да ја искористиме секоја евентуална грешка на Шкендија“, вели Армин Бесагиќ.

- Оглас -

Најнови вести