Арслан: Не сме дојдени на екскурзија во Софија, ќе играме за Шкупи и Македонија

Тренерот на Шкупи, Џихат Арслан, на прес-конференцијата пред утрешниот реванш со Левски од второто квалификациско коло во Лигата на конференциите, рече дека неговиот тим не е дојден во Софија на екскурзија.

„Не е лесно да се игра после поразот од 0-2 дома. Не сме дојдени тука на екскурзија, ќе направиме сè за да се претставиме добро. Овој резултат не е пријатен за нас, но ние ќе дадеме максимум за да одиме понатаму и да ги заштитиме името на Шкупи и Македонија“ – рече Арслан.

Бугарските новинари ги интересираше и дали Арслан очекува провокации од трибините.

„Ние бевме тука пред две седмици, гледавме меч во живо, знаеме каква е атмосферата. Ќе биде убаво да играме пред оваа публика. Дознавме дека се случувале лоши работи во Скопје, тоа не е добро. Не сакаме такви работи во фудбалот. Сакавме и нашите фанови да бидат тука, но за жал тоа нема да се случи“ – додаде Арслан.

- Оглас -

Најнови вести