Артета: Ако го кажам тоа што го мислам, ќе бидам суспендиран на шест месеци

Тотенхем со убедливи 3:0 го победи Арсенал и со тоа се разжешти битката за четвртото место во Премиер лигата.

Топчиите сега имаат само еден бод предност во однос на големиот ривал на две кола до крајот, а предводикот на тимот, Микел Артета, не е задоволен од судењето на оваа средба.

„Ако го кажам тоа што го мислам, тогаш ќе добијам суспензија од шест месеци. Сакам судиите да излезат пред камера и да ги објаснат нивните одлуки бидејќи навистина е срамота ваков убав фудбалски натпревар да биде уништен од нивните одлуки.

Јас не сум несреќен од фудбалерите, јас сум горд на нив, но одлуките што ги направи сдуијата се такви и ние не можевме ништо да сториме“, изјави Артета.

На две кола до крајот, Арсенал треба да игра со Њукасл и Евертон, додека Тотенхем треба да се соочи со Барнли и Норвич.

- Оглас -

Најнови вести