Микел Артета нема веќе Коронавирус откако вториот тест покажа дека е негативен и дека брзо ја надмина заразата со опасниот вирус.
„Ви благодарам на сите што ме поддржувавте и се молевте за мене. Најновите резултати се дека тестот за Коронавирус е негативен“, објави на својот фејсбук-профил менаџерот на Арсенал.
Тој беше меѓу првите заразени со опасниот вирус што предизвика хаос и ги прекина речиси сите поважни спортски настани на планетата, меѓу нив и англиската Премиер лига.
Артета мина период на самоизолација под контрола на медицинскиот тим на Арсенал и успеа да ги мине тешките моменти.
Денеска челниците на најсилната англиска фудбалска лига ќе одлучат што понатаму и кога и дали ќе продолжат натпреварите од Премиер лигата.